ДОМ бара Македонија да биде зона без ГМО

 

Демократската обнова за Македонија (ДОМ) денеска ја одржа втората конференција од кампањата „ДОМ за заштита од ГМО“ на која   информираа за законските прописи, нивното спроведување и работата на државните институции одговорни за семињата во Македонија.

Претседателот на ДОМ Лилјана Поповска истакна дека тие бараат Македонија да стане слободна зона односно територија без ГМО. Посочи дека до сега  5 општини  изгласаа ГМО слободни зони, но дека е потребно и останатите градоначалници и совети да изгласаат такви зони со што би можеле да ги искористат привилегиите во развивање на еко туризмот и за сертифицирање на органската храна што ја произведуваат.

- Наша цел како зелена партија е да се спасиме од ГМО наездата, да си ја обезбедиме државата да не дозволиме влез на ГМО, бидејќи немаме можност за тампон зони за заштита. Од друга страна, Македонија има одлични услови за здрава органска храна во секој поглед и тоа треба да се искористи, рече Поповска.

Професорката Сузана Кратованлиева од Земјоделскиот институт при УКИМ во својата презентација за заштитата на генетските ресурси нагласи дека тим од банката при Институтот ги посетува домаќинствата во руралните области во Македонија за зачувување на автохтоните семиња кои најчесто се наоѓаат кај повозрасните лица кои се уште ги одгледуваат познатите традиционални сорти.

Македонија е потписник на Картагенскиот договор за заштита на биодиверзитетот и затоа е должна да се грижи за заштита на автохтоните семиња, семенски материјал и сите прехранбени производи од ГМО.

24.09.2013 - 13:53
Фото: 
телма

најчитано сега