Заврши шестата фаза од реставрацијата на црквата „Свети Никола“ во Охрид
Заврши шестата фаза од проектот за конзервација и реставрација на архитектурата и на фрескоживописот на црквата „Свети Никола“ во Охридското село Косел.
Во изминатите фази извршена е конзервација на архитектурата на овој сакрален објект, а етапно се работеше и на конзервацијата на вредниот фрескоживопис, соопшти Министерството за култура. Направено е целосно препокривање, фугирање на отпадните делови, расчистен е околниот простор, а старите врати на западната и на јужната фасада се заменети со нови, изработени од храстов материјал и соодветно декорирани. Во внатрешноста на црквата, пак, годинава се работеше на конзервацијата на оштетените фрески, особено на источниот ѕид од олтарскиот простор. Конзервацијата на фрескоживописот продолжува и наредната година.
Црквата „Свети Никола“ е значаен споменик на културата и датира од 15 век.