Кучиња-скитници предизвикаа две сообраќајки на автопатот Тетово - Скопје

 

Две сообраќајни незгоди предизвикани од кучиња скитници се случиле вчера на автопатот Тетово - Скопје.

Првата сообраќајка се случила околу 14 часот кога патничко возило „Пежо“ со скопски регистерски таблици што го управувал 28-годишниот С.Јод Скопје удрило во куче-скитник, при што причинета е материјална штета од околу 20 илјади денари, а за среќа нема повредени.

Во вториот случај околу 21 часот на овој автопат во непосредна близина на клучката за Камењане, патничко возило „Мерцедес“ со албански регистерски ознаки, управувано од 47-годишниот албански државјанин А.О, исто така удрило и усмртило куче-скитник.Причинетата материјална штета се проценува на околу 10 илјади денари.

Полицијата изврши увид на местото на настанот.

 

23.09.2013 - 16:39

најчитано сега