„Европска интеграција во Западен Балкан“
Денеска во Скопје ќе се одржи дебата на тема „Европска интеграција во Западен Балкан“, организирана од Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Република Франција во Македонија.
Главен говорник на дебатата е францускиот експерт Алексис Валас, а почесен гостин е заменик директорот задолжен за Западен Балкан во француското МНР, Франсоа Пужо.
Дебатата се организира по повод одбележување на воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Република Франција. На настанот ќе присуствуваат високи претставници од државните институции, амбасадори и претставници на амбасади во Република Македонија како и претставници на граѓански организации.
23.09.2013 - 09:42