Македонскиот рекордер и хуманист Емил Илиќ на средба со Папата
Македонецот Емил Илиќ кој е хуманист и рекордер во одење пеш, познат и по тоа што е првиот човек кој со тренерки и македонско знаме влегол во зградата на НАТО, денеска тргнува за Рим, каде треба да се сретне со папата Франсис.
-Оваа средба е потпомогната од страна на Владата на Р.Македонија, Претседателот на Р.Македонија и од Министерството за надворешни работи, од сите други политички и спортски институции како и пратеникот Васил Пишев и неговата фондација, изјави спортистот, пренесе Курир.
Средбата на Македонецот со Папата ќ се случи на 25 септември.
Инаку, Илиќ е македонски рекордер во одење пеш. Тој во 2005 година пеш за 60 дена стигнал до Брисел и во просек одел по 30 километри на ден.
22.09.2013 - 11:44
Фото:
Утрински