УЕФА и ФФМ ќе едуцираат женски тренери во Македонија

 

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се вклучуваат во заеднички проект за развој на женскиот фудбал.

Се работи за финансирање на едукација за женски тренери со цел подобрување на квалитетот во женскиот фудбал во Македонија.

- Во проектот „Развој на фудбалски тренери (жени)“ ФФМ и УЕФА се договорија да финансираат жени-тренери кои се заинтересирани за едукација за добивање на УЕФА Б Диплома. Во склоп на оваа акција, УЕФА ќе ги покрие трошоците за курсот и спортска опрема додека ФФМ ќе ги покрие трошоците за сместување и едукативни материјали, информираат од ФФМ.

Заинтересираните кандидатки повеќе информации за проектот можат да добијат на веб страницата на ФФМ.

 

 

 

18-09-2018-09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега