Бомба: Мурињо го носи поранешниот капитен на Челзи
Поранешниот фудбалер на Челзи, Џон Тери, би можел својата кариера да ја продолжи во Манчестер каде ќе го носи дресот на „ѓаволите“, тврдат медиумите од Островот.
Жозе Мурињо наводно веќе испратил барање до раководството на тимот од „Олд Трафорд“ за да го донесе 37-годишниот фудбалер во својот тим. Тери ќе биде опција за стоперската позиција, со која Мурињо одамна има проблеми.
Португалскиот стратег добро го познава Тери, затоа што двајцата долги години соработуваа во Челзи во два наврати. Некогашниот англиски репрезентативец минатата сезона ја мина во Астон Вила, а сега е слободен агент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа