Подгответе најмалку 100 евра: Познати цените на картите за натпреварите на Ѕвезда во ЛШ

 

Црвена Звезда во групната фаза од Лигата на шампионите ќе игра со три европски гиганти ПСЖ, Наполи и Ливерпул. Српскиот клуб денеска ги објви цените на билетите за овие спектакуларни натпревари. 

Од таборот на белграѓани најавуваат дека билетите нема да се продаваат поединечно за секој натпревар посебно, туку во пакет за сите три натпревари. Оние навивачи на Црвена Звезда кои имаат сезонски билети ќе можат да ги купат билетите за Лига на шампиони со попуст од 50 отсто.

Најефтини се билетите за северната и јужната трибина на стадионот „Рајко Митиќ“ и ќе чинат 7.500 српски динари или околу 3.900 денари. На Западната трибина страничните седишта се по цена од 15.000 динари или 7800 денари. Најскапи се билетите на западната трибини, но централните седишта и чинат 18.000 динари или 9.300 денари. 

На источната трибина цената на билетите се 12.000 динари (6.250 денари) за страничните седишта, додека за централните цената е 15.000 динари (7.800 денари).

Распоред на натпревари во Белград:

Црена Звезда - Наполи (18 септември)
Црвена Звезда - Ливерпу (6 ноември)
Црвена Звезда - ПСЖ (11 декември)

Е сега, во зависност од тоа со кого патувате и како ќе ги делите трошоците за пат, околу 100евра ќе ви бидат потребни веројатно само за старт на фудбалското уживање. А потоа, во ноември и декември уште две патувања до Белград. За вистинскит љубители на фудбалот не е многу.

 

 

 

04.09.2018 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега