Викендот се одржа „Опен фан фудбал 2018“ во Кратово
На спортските терени на комплексот „Мусала“ во Кратово викендот се одржа првата сесија од годинашната забавна фудбалска школа „Опен фан фудбал Кратово 2018“.
- Двесте дечиња на возраст од 6 до 12 години уживаа во лудориите на тревникот, некои од нив за прв пат беа воведени во спортски-тренажен процес, останатите ги надополнија спортските познавања, едноставно, дружеа и се забавуваа, спортуваа и уживаа во концептот на забавни отворени фудбалски школи, кој несомнено, предизвика голема радост кај сите дечиња, истакна Антонио Насевски, лидер на „Опен фан фудбал Кратово“.
Информира дека дружењето продолжува на 6 септември, четврток, со почеток во 17 часот, на истата локација.
- И во наредните два дена од одржување на школата (6 и 7 септември) ќе се реализираат програмски активности соодветни на концептот на овој вид школи. Во петок предвидено е да ни се придружат и дечињата од опен –фан фудбал школите во Македонска Каменица, со кои ќе се реализираме еднодневно другарување, додаде Насевски.
„Опен фан фудбал Кратово“ се одржува низ комбинирани тренинзи, со дополнителен едукативен сегмент, следење младински тренинзи и натпревари на фудбалерите од градот. Школата е поддржана од градоначалникот на општината
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа