Младо момче почина среде улица во Охрид
Хорор во Охрид. Млад охриѓанец починал среде улица, откако се предозирал со наркотици. Екипата на брзата помош веднаш пристигнала на местото, но, не успеале да го реанимираат и само ја констатирале смртта, објавува Охриднет.
Според порталот, на телото на младото момче не биле пронајдени повреди кои би се поврзале со било какво претходно насилство. Брзата помош телефонски била известена дека на улицата „Питу Гули“ во Охрид има лице кое е во тешка здравствена состојба и дека причината била употреба на наркотици.
19.09.2013 - 11:36