Силна детонација го разбуди Гостивар - крената во воздух куќа на двајца гостиварчани

 

Силна детонација ги разбуди гостиварчани. Според информациите од тетовската полиција, засега непознато лице фрлило експлозивна направа во дворот на куќата со број 43 на улицата „18. ноември“, но, за среќа никој не настрадал од експлозијаата.

Рачната граната кашикара била активирана десетина минути пред 3 часот. Според информациите од полицијата, Увидот на лице место утврдил оштетување на возило марка „тофаш“, помошниот објект кој бил користен како гаража, фасадата на куќата и влезната врата.

Сопственикот на куќата и неговиот син, рекле дека се изненадени од инцидентот бидејќи немале проблеми, конфликти или закани. Материјалната штета е проценета на околу 200 илајди денари.

Полицијата работи на расчистувањ на инцидентот.

19.09.2013 - 10:05

најчитано сега