„Беше лошо“ - Легендарниот Роналдо со порака до фановите од болницата
Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо ги увери своите фанови дека е добро откако во петокот беше хоспитализиран на Ибица.
Поранешниот фудбалер на Барселона, Реал Мадрид и Интер заврши на интензивна нега поради воспаление на белите дробови, но брзо беше префрлен на приватна клиника.
-Пријатели, имав многу лош напад на грип на Ибица, па морав во петокот на одам во болница, но сега се е во ред. Во понеделник ќе се вратам дома. Ви благодарам на љубовта и пораките на поддршка, порача легендарниот Бразилец.
Роналдо, кој во септември ќе наполни 42 години, два пати беше светски првак со Бразил, со Реал освои две титули во Примера, а вкупно со сите клубови има 14 трофеи.
На 518 натпревари во клупската кариера има 352 гола, додека за Бразил има 62 гола од 98 настапи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа