Мицкоски: Македонија го доби од НАТО она што го имавме во 2008., исполнети критериуми, но услов промена на името

Имаме потпишан договор со Грција од министер кој што не се знае во име на кого го потпишува, еве да тргнеме од таму, бидејќи никаде во договорот не пишува на која држава е тој министер, на втората страна е од договорот, дури и со бројка. Со овој договор престануваат да важат сите претходно стекнати права кои ние сме ги имале и кои се дел од Резолуцијата на ОН, на Времената спогодба, така што уште во преамбулата е тоа дефинирано дека со потпишувањето на овој договор завршува целата таа приказна што била во минатото, од сега како да почнува сето ова, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце.

Според Мицкоски, не е точно дека е зачуван идентитетот.

-Ние сега имаме и ќе имаме, доколку ова се разбира се операционализира, комплетно преименување на сите институции во Македонија. Ние нема веќе да имаме Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе имаме, не знам, Академија на науките и уметностите на Северна Македонија. Па видете го вие претседателот на таа институција, кога беше овој процес во период на преговарање, јасно и гласно излезе и кажа дека промена на Уставот а со цел промена на уставното име ќе значи директна промена на идентитетот. За да тој човек потоа, поплука по тоа што го кажал и каже дека епа и не било толку страшно. На тој начин, го губат својот интегритет и како луѓе, но и како врвни експерти и претседатели на институции, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рече дека на Самитот на НАТО се случи истото што се случи и во 2008. Година

-Погледнете го заклучкото од 2008. и сега. Велат „решето го спорот со Грција, сменете го Уставот, сменете го името“, посочи Мицкоски, потенцирајќи дека Македонија се уште нема добиено покана за влез во НАТО, туку оти ќе добие кога Договорот со Грција ќе влезе во сила.

Вели дека заклучоците се исти, само што сега позициите на Република Македонија се распаднати.

-Ќе треба време да се санираат овие позиции. Тоа е разликата меѓу 2008. и 2018. Нема никаква суштинска разлика, споредете ја 2008., споредете ја 2018., ќе видите дека нема никаква разлика. Истото е и со отпочнувањето на т.н. договори со Европската унија. Добивме датум дека ќе добиеме датум, појаснува Мицкоски.

Потенцира дека догодина во јуни ќе се направи ревизија на напредокот на Република Македонија во четири клучни области, покрај условот за спорот со Грција, и тогаш Европската комисија ќе ја разгледа можноста за доделување датум. Според него, тоа најрано би можело да почне декември 2019. година.

-Ние добивме двоен датум. Едниот е на пократок рок, другиот е на подолг рок, до јуни, рече Мицкоски.

Ако Договорот беше добар за Република Македонија, а беше лош за нашиот сосед, Република Грција, сите закани кои што ги имаа оние здруженија кои што организираа протести во Грција до ден денес ќе траеја, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Сега се стишија. Гледате некој во Грција да протестира против Договорот? Тоа е така зашто луѓето се задоволни, зашто луѓето ги заштитија нивните национални интереси. Кај нас е проблемот. Погледнете го заклучкото од 2008. и сега. Велат „решето го спорот со Грција, сменете го Уставот, сменете го името“, посочи Мицкоски, потенцирајќи дека Македонија се уште нема добиено покана за влез во НАТО, туку оти ќе добие кога Договорот со Грција ќе влезе во сила, рече Мицкоски.

 

 

 

12.07.2018 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега