Зоран Божиновски: Може и сум соработувал со некоја тајна служба а јас да не знам

 

Дел од приведените ги познавам, со дел комуницирам, но има и такви за кои не сум слушнал ништо со години. Новинарот Зоран Божиновски кој е еден од осомничените во полициската акција Шпион во телефонски разговор за Нова ТВ вели едка не оддавал информации на странски разузнавачи

„Јас во Македонија не живеам веќе пет години. Живеам на Балканот. За што ме сомничат, кој ме сомничи, поим немам. Јас пишувам со години и објавувам сето она што ќе дојде до мене од мои пријатели, па дури и непрјатели, па дури и непознати луѓе. Значи, она што сметам дека е релевантно јавноста во Македонија и на Балканот да го знае, го објавувам. И на мојот веб портал Буре весник и на моите Фејсбук профили.

Јас добар дел од луѓето што се приведени денеска извонредно ги познавам и комуницирам со години со некои, со повеќето не сум комуницирал повеќе од две и нешто години ама гледам дека се пишува по медиумите дека ова било следено со години.

Јас верувам дека моја вина е тоа што сум објавувал, а не дека… Може и сум соработувал со некоја тајна служба, а јас да не знам. Значи тоа ќе треба во процедура да ме убедат. Значи луѓево ги познавам, нормално, сум комуницирал додека сум живеел во Македонија, после тоа повремено комунициравме меѓутоа немавме таква фреквенција за која овие денеска тврдат… некаква шпионажа, злосторничка група, циркус… Каква црна тајна служба? Како можам јас да работам за тајна служба кога објавувам дневно десет информации и факсимили? како се работи за тајна служба со јавно објавување информации“, прашува Божиновски

Press24 веќе објави дека Божиновски е еден од осомничените во акцијата Шпион. Во паралелената разузнавачка информација се водел под кодното име „Луди Милојко“

Останато на оваа тема:

ВИДЕО: Вака паднаа шипоните - апсењето во акцијата „Шпион“

МВР откри 22 шпиони: Работеле за повеќе тајни служби - дома имале цели соби документи

Новинарот Зоран Божиновски меѓу осомничените шпиони - се води под името "Луди Милојко"

Мега апсење во Скопје: Падна првиот човек на Вељаноски за шпионажа

ФОТО: Маџовски и Дамовски уапсени за шпионажа

Ване Цветанов и Горан Стојков меѓу уапсените за шпионажа

16.09.2013 - 21:15

најчитано сега