Поштар си се богател крадејќи пари од болните граѓани
29 годишниот стружанец А.С. си присвојувал пари кои биле наменети за болни лица или лица со инвалидитет.
Стружанецот А.С., вработен како поштар во „Македонски пошти“-Струга си заработи кривична пријава откако во текот на февруари и март годинава, од поштата подигнал парични средства во износ од 55.550 денари кои наместо да ги достави на лица како надомест за инвалидитет, боледување и слично, противправно ги присвоил за себе. Итриот стружанец на исплатните ливчиња ги фалисифкувал потписите на оштетените лица.
ФОТО: Кајгана