Пожар проголта куќа на скопско семејство - петчлената фамилија на улица
Во пожар изгоре куќата на семејството Бајрам во Скопје. Целосно биле пеплосани двете соби во кои живеело петчленото семејство. За трагедијата да биде уште поголема, во пожатор изгорел и моторот со кој Бајрам пренесувал стара хартија, што му било единствен извор на егзистенција.
Неговите дечиња останаа без книгите и школскиот прибор. Тој вели дека правел се за да им обезбеди минимални услови за да можат да почнат со школо. Во огнената стихија изгорела и целата облека на семејството.
15.09.2013 - 10:59
Фото:
Курир