Дали храната ја послувате пред или на крајот од подготвкатата - готвач кажува што е правилно
Во кој момент вие ставате сол додека подготвувате оброк? Се испоставило дека повеќето луѓе прават погрешна работа.
На јутјуб каналот America's Test Kitchen спроведен е експеримент за конечно да се добие точен одговор на прашањето кога точно се додава сол - на почетокот или на крајот од готвењето?
Готвач кој експериментирал вели дека уште додека учиме да готвиме ни кажуваат дека сол се додава на почетокот и тоа правило слепо го почитуваме. Тој направил спротивно од тоа и резултатите ги споделил со гледачите.
Се испоставило дека сепак првичното учење е правилно, сол се додава на почетокот додека намирниците се ладни, така постепено ќе продре до нив и вкусот ќе биде рамномерен и интензивен. Од друга страна ако додадете сол за време на готвењето, намирницата само ќе добие обвивка од сол, па ќе биде пресолено, а внатрешноста блинтава.
Ако заборавите на време да додадете сол тогаш не ставајте одеднаш врз цела храна, туку од тањир во тањир за да не биде пресолено.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа