Нема бесплатни автобуси за студентите

 

Советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вчера најавија дека нема да ја поддржат иницијативата на Сојузот за иднината, студентите да се возат бесплатно во градски автобус, пренесува Скопјеинфо.

Советниците велат дека ќе гласаат против бидејќи иницијативата требало да се упати до Министерството за образование, а не до Град Скопје. Според нив, станува збор за категорија на граѓани кои се работноспособни и сметаат дека од оваа одлука нема да имаат бенефит студентите од дисперзираните студии.

Опозициските советници, пак, сметаат дека со оваа мерка, би требало да се подобри стандардот на студентите.

Бесплатниот превоз на студентите би се однесувал на сите редовни студенти во Скопје. Тој би важел за време на наставната година во периодот од први октомври до 30 јуни во сите денови освен недела и за време на државните празници од 8 часот до 21 часот. Според предлогот на Сојузот за иднината, превозот на студентите би се покрил со субвенции од градскиот буџет од околу 100 илјади евра.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Лазарев, истакна дека Градот нема предвидено одлевања од буџетот за оваа намена и не може да си го дозволи тој трошок.

- Оваа иницијатива не можеме да ја прифатиме, студентите имаат месечни билети со кои имаат одреден попуст. Не можеме да ја прифатиме иницијативата затоа што во буџетот не се предвидени одлевања на средства за оваа намена, вели Лазарев.

11.09.2013 - 11:26

најчитано сега