Алфите минатиот месец со полни раце работа

 

Припадниците на Единицата за борба против криминалот „Алфа“ во текот на август годинава при вршење редовна мотопатролна дејност извршиле легитимирање на 816 лица, преглед на 95 патнички моторни возила, а по разни основи приведени се вкупно 256 лица.

- По основ на телеграма приведени се 22 лица, по потраги, гласник, наредба од Основен суд – 25 лица, под сомнение за извршено кривично дело 62 лица, по извршено кривично дело – девет лица, на лице место во вршење кривично дело 18 лица, за издржување казна затвор - 13 лица, за утврдување идентитет – 11 лица, се вели во соопштението од МВР. 

Вкупно се приведени осум лица за нарушување јавен ред и мир, две лица кај кои е најдено оружје, 29 лица за поседување опојни дроги, 45 лица со патничко моторно возило и 12 лица со товарно моторно возило.

 

09.09.2013 - 14:19
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега