Летале куршуми во Шуто Оризари - завршиле во куќа каде имало три малолетни деца
Вчера во 12 часот во Шуто Оризари во куќата на 32-годишниот С.А. била предизвикана општа опасност.
Непознат сторител од точно неутврдено место и правец од огнено оружје, испукал куршум, кој удрил на кровот од куќата и преку таванот од дневната соба паднал на подот во близина на влезната врта. Во собата во моментот се наоѓала сопругата на С.А., 24-годишната Б.Б. со нивните три малолетни деца.
За среќа, повредени лица нема.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
09.09.2013 - 13:12