Тодоров: Специјалисти од САД ќе ги обучуваат македонските лекари
Денеска министерот за здравство на Македонија, Никола Тодоров, на прес-конференција изјави дека нови специјалисти од САД ќе ги обучуваат македонските лекари во рамки на владиниот проект за обука на македонските специјалисти од страна на доктори од странство.
Тодоров нагласи дека овојпат проектот ќе се реализира многу поинтензивно со присуство на 25 специјалисти од различни области од САД.
Со овој проект се очекува да се обезбеи трансфер на знаење и искуство како и фокусирање на мошне сложени случаи.
Според Тодоров, првата фаза од проектот поминала мошне успешно.
09.09.2013 - 12:47
Фото:
Канал 5