Тетово: Изгубил рамнотежа додека работел на скеле, паднал и починал

 

 

Тетовчанец денеска го загубил животот откако паднал од скеле при изведување градежни работи во село Желино.

Се работи за 57-годишниот Низам М. кој денеска околу 10 часот и 40 часот минути работејќи качен на скеле изгубил рамнотежа и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди од кои за жал починал на самото место на несреќата.

Низам М. бил вработен во фирмата „Голец Транс“.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

09.09.2013 - 12:38
Фото: 
Денешен

најчитано сега