Ристовски: Родителите немаат обврска да купуваат дополнителен материјал за своите деца-ученици

 

Денеска министерот за образование, Спиро Ристовски, на прес-конференција истакна дека родителите немаат обврска да обезбедат дополнителен материјал за своите деца. Тој посочи дека одобрените и дистрибуирани учебници од страна на надлежните институции и органи се базичен наставен материјал и сосема доволен за реализација на воспитно-образовниот процес на секој ученик.

-Паричните казни за овие и слични законски прекршувања се високи. На пример, глоба во износ од 3000-5000 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече за прекршок на основното, односно средното училиште, ако дозволи продажба на стручна литература и детски списанија, додека глобата за одговорното лице за истиот прекршок е од 1500-2500 евра во денарска противвредност. Понатаму, глоба во износ од 10.000-15.000 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече за прекршок на основното, односно средното училиште, ако употреби учебници кои не се одобрени од националната комисија за учебници, а глобата по овој основ за одговорното лице во правното лице е од 5.000-7500 евра, рече Ристовски.

Исто така., министерот за образование потенцираше и дека просветните инспектори се постојано на терен и вршат редовни, но и вонредни инспекциски надзори.

Ристовски упати апел до училиштата и раководните структури, како и воспитно-образовниот кадар да не се обидуваат да експериментираат со законот, како и до родителите да бидат внимателни и да не наседнуваат на бизнис интересите на поединци туку во таков случај доколку добијат понуда да го информираат Државниот просветен инспекторат.

09.09.2013 - 11:45
Фото: 
Денешен

најчитано сега