Највкусните „Фереро” бомбици готови за 5 минути

 

СОСТОЈКИ:

400 гр наполитанки

200 гр еурокрем

2 темни чоколади

малку мелени кикирики

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Подготовката е повеќе од едноставна. Наполитанките ситно се дробат со рака, а еурокремот и чоколадото ги топиме заедно на пареа.

Наполитанките се додаваат во смесата со еурокрем и чоколадо, по што се ставаат и кикириките.

Се прават топчиња и се оставаат додека да се стегнат во фрижидер.

 

 

 

02.04.2018 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега