Варењето јајце, има свој специфичен начин како тоа да се направи
Колку долго треба да го варите јајцето за да биде баш такво, какво што вие најмногу го сакате?
Жолчка која се рони, белка како гума. Ова се само некои од „проблемите“ за време на варењето на јајце.
Дури и она што се чини наједноставно, како варењето јајце, има свој специфичен начин како тоа да се направи, а да биде по ваш вкус.
Трикови за совршено сварено јајце
-Внимавајте на пукнатините на лушпата
И најмалата пукнатина ќе предизвика белката да се излее. Не го варете јајце директно извадено од фрижидер.
Најдобро е да го извадите од фрижидерот најмалку 10 минути пред варењето за да постигне собна температура со што се избегнува пукањето на лушпата.
-Започнете го варењето со студена вода
Могумина јајцата ги ставаат во вода откако ќе зоврие, но подобро е да ги ставите во студена вода. Доколку ги ставите јајцата во зовриена вода, белката ќе стане како гума, а наглото загревање може да предизвика пукање на лушпата.
-Избегнувајте јајцата да ги преварите
Понекогаш тврдо вареното јајце може околу жолчката да има зелен слој. Тоа се случува како реакција на сулфурот од белката и железото од жолчката, до која доаѓа кога јајцата се варат предолго или на превисока температура. За да го избегнете овој момент, варете ги јајцата на тивок оган не подолго до 12 минути.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа