Ја убива желбата за благо - чудесна билка која им се препорачува на тие што сакаат да ослабат
Стевиа е засладувач кој содржи нула калории, а со самото тоа директно не дебелее и влијае на регулирање на телесната тежина. Според некои првични студии има влијание и на намалување на крвниот притисок. Во традиционалната медицина се користи и како природен мелем со антиинфламаторни и антибактериски својства. Заладувач погоден за дијабетичари и оние кои имаат проблеми со тежината. Има одличен вкус, за 200 пати е посладок од шеќерот и е целосно природен. Според наброените својства, има ли подобар производ од овој?
„Што всушност се продава под името стевиа денес?“
Парагвајците ја нарекувале „слатка билка“, а Јапонците во седумдесеттите години од 20- тиот век први направиле екстракт од стевиа. Денес, таа се одгледува во повеќе земји како САД, Кина, Бразил и Мексико. Може да се најде во течност, прашок или таблети. Ја нарекуваат „парагвајска магична билка“ поради бројните терапевтски својства што ги поседува.
Во моментов, стевиа е производ број еден кој за многу брзо време се рашири низ светските пазари со ознаката целосно природна, здрава замена за рафинираниот шеќер како засладувач.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа