ВИДЕО: Погледнете ја лабораторијата во која актерот Кили си одгледувал марихуана
Македонсакаата полиција синоќа го уапси актерот Кирил Поп Хриестов заедно со неговиот брат, поради производство на дрога.
Според податоците од МВР, во викенд куќата на актерот во селото Визбегово при извршен претресво подрумот од куќата во две специјално подготвени и опремени простории пронајдени се 25 саксии со стебла канабис сатива во висина од 0,7 м до 1 м, 33 саксии со стебла во висина од 2 см до 30 см, 2 саксии со овенати стебла, еден пластичен сад во кој има електричен систем за наводнување и 20 (дваесет) стебла во големина од околу 10 см, рефлектори, термостат, приклучоци за струја, продолжни кабли, вентилатори...Пронајдени се и хемиски препарати и адитиви за прихрана, растење и одгледување на растенија и повеќе паковања со семки од растението “Canabis Sativa“.
Двајцата пријавени во текот на 2012 година, неовластено од Холандија набавиле семенски материјал кој го донеле во Македонија со намера да го засадат. За таа цел, во подрумската просторија во викенд куќа во Визбегово специјално подготвиле и опремиле две простории, на тој начин што инсталирале систем за вентилација на воздух , систем за осветлување и систем за затоплување и регулирање на температурата, по што во специјално наменет пластичен сад во кој има инсталирано систем за наводнување, произведувале расад од семенскиот материјал кој потоа го пресадувале во саксии со цел да израснат стебла од растението “Canabis Sativa“.
Во временски период од околу шест месеци пријавените редовно ги надгледувале при тоа управувајќи со системите за вентилација, осветлување, затоплување и регулирање на температурата, ги полевале со вода како и ги потхранувале со хемиски препарати и адитиви, со намера откако растенијата ќе достигнат одредена големина, разгранетост како и откако ќе расцветаат, истите да ги оберат листовите и цветовите од растението “Canabis Sativa“, да ги исушат и произведат наркотична дрога марихуана.
ВИДЕО: МВР