Голем шумски пожар на Хвар - 70 пожарникари се справуваат со пламените јазици
На хрватскиот остров Хвар избувна пожар, со кој се борат 70 пожарникари, потпомогнати од четири канадери, јавува хрватската агенција ХИНА.
Објекти не се загрозени, а со пожарот се опфатени борова шума и нискостеблести растенија.
Во гаснењето на пожарот учествуваат сите 50 пожарникари-доброволци од островот, а им помагаат уште 20 пожарникари, кои од копното со хеликоптери пристигнаа на Хвар.
05.09.2013 - 14:19
Фото:
Нова Македонија