Три од возилата кои го придружуваат Јосиповиќ се скршија кај Котор

 

Три автомобили од државниот протокол на Црна Гора, кои биле во придружба на претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ, се судрија денеска во тунелот Врмац, кај Котор.

Подгоричките медиуми соопштуваат дека Јосиповиќ не бил во едно од тие возила, а на мерцедесите е предизвикана материјална штета. До несреќата дошло кога едно од возилата од државниот протокол нагло запрело, по што дошло до вержен судар. Во несреќата нема повредени.

Јосиповиќ претходно во Тиват се сретна со Хрватите кои живеат во Црна Гора.

Хрватскиот претседател вчера допатува во дводневна посета на Црна Гора, за време на која се сретна со црногорскиот колега Филип Вујановиќ, премиерот Мило Ѓукановиќ и претседателот на парламентот Ранко Кривокапиќ.

Хрватскиот претседател вечерва ќе допатува во Македонија, а во петок во Косово.

04.09.2013 - 14:05

најчитано сега