Пекол во регионот - Балканот мери рекордни температури

Во Албанија, Босна и Херцеговина и Србија денеска беа регистрирани температури над 30 степени и висок индекс на УВ зрачење, а експертите ги советуваат луѓето да не излегуваат надвор кога времето е најтопло и да примаат многу течности.

Во Албанија температурата се искачи до 31 степен.

Во Босна и Херцеговина исто така се регистрирани летни температури. Во Бања Лука беа измерени 31 степен.

Во Србија веќе неколку дена температурата е околу 30 степени, а според метеролозите времето ќе биде топло до крајот на неделата

Во сите земји се регистираат температури кои метеоролозите не ги регистрирале во последните дваесетина години. Во Скопје денеска над 33 степени, а во наредните денови се очеукува слично време.

најчитано сега