Внимавајте: Празничната храна му се заканува на Вашиот организам

Мрсна храна и високи температури шок за организмот. Лекарите со посебно предупредување до оние кои се на 40 дневни велигденски пости. Велат организмот може да доживее хаварија ако биде изложен на зголемен внес на маснотии и алкохол. Може и јагнешко и јајца и алкохол, но во умерени количини. Последиците се од воспаление на панкреасот до салмонели и други тешки труења.

- Значи мора да се внимава на количините на храна. Секако и соодветното користење на храната е многу важна.  Да се чува до 4 степени, добро да се приготвува, да биде свежа, вели Игор Спироски од ИЈЗ.

Оние кои за утрешниот празник ќе одат на пикник мора да знаат како да го приготват месото на скара. Опасност им се заканува доколку го чуваат во несоодветни услови подолго време по печењето. Во природата има многу микроорганизми кои можат да предизвикаат сериозни здраввствени компликации.

-Мала е шансата да дојде до контаминација доколку се јаде веднаш по приготвувањето на скара, секако зборуваме ако станува збор за свежо месо кое безбедно е пренесено до местото на приготовка. Но ако се чека и ако е голем периодот од печење до јадење тогаш знаеме колку бактерии има во природата, вели за Сител, Игор Спироски од ИЈЗ.

Повеќе овошје и зеленчук, многу течности и избегнување на најсончевит период од денот. Доколку граѓаните се придржуваат на овие препораки нема да завршат на клиника.

најчитано сега