Попоски ќе зборува за односите на Македонија и ЕУ во Словенија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Словенија ќе учествува на традиционалниот осми Бледски стратешки форум на тема „Европа што се менува, во светот што се менува“.

Форумот претставува успешна платформа за стратешки дијалог на високо ниво меѓу лидерите од приватниот и државниот сектор за релевантни прашања со кои се соочуваат Европа и светот во 21-от век.

Во рамки на главната конференција, министерот Попоски ќе има обраќање на панелот насловен „ЕУ и Западен Балкан - по Хрватска кој е следен?“. Тој ќе се осврне на односите меѓу Република Македонија и Европската унија, последниот напредок во однос на евроинтеграциите на земјите од регионот, како и перспективите за што поскоро отпочнување на пристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ.

Покрај Попоски, на форумот ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Како што соопшти МНР, на маргините на Форумот, министерот Попоски ќе има работна средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи на Република Словенија, Карл Ерјавец, а ќе има и други формални и неформални средби. 

03.09.2013 - 09:16
Фото: 
mfa.gov.mk

најчитано сега