Делчевски земјотреси ја потресоа Македонија
Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно - математичкиот факултет во Скопје, со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Штип и Валандово, ноќеска регистрирале два слаби земјотреси чии епицентри потекнуваат од делчевскиот регион.
Како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресите биле почувствувани во 23:22 и 23:26 часот во Делчево и околината. Земјотресите биле со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала - 1998.
02.09.2013 - 11:48