Канческа-Милевска ќе им врачи конзерваторски лиценци на 12 стручни лица

 

 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска на археолошкиот локалитет Стоби ќе ги врачи првите конзерваторски лиценци на 12 стручни лица за непосредна заштита на културните добра во Македонија.

Лицата стекнале право на лиценца по положен испит пред комисија. Тие се археолози, архитекти и уметници  кои вршат конзервација на  предмети од дрво, керамика, метал и камен,  мозаици, икони и други сликарски дела, како и на архитектонско културно наследство.

Конзервацијата е неопходна за третман и навремена интервенција на  културните добра во Македонија за да се заштитат од разни влијанија.

02.09.2013 - 08:52
Фото: 
канал 5

најчитано сега