Ахмети во понеделник тет-а-тет со шефот на грчката дипломатија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во понеделник ќе замине во Атина, каде ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, информираат од ДУИ.

Од ДУИ велат дека Ахмети ќе ја продолжи интензивната кампања, па откако ги посети САД, Германија, Албанија и Бугарија, на неговата агенда се најде и официјална посета на Грција. Според најавите од партијата, тој таму ќе се сретне со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос.

 Од партијата најавуваат дека ќе продолжат активностите на Ахмети и ДУИ, кои имаат за цел да и помогнат на евроатланската интеграција на Македонија.

 

31.08.2013 - 16:02
Фото: 
канал 5

најчитано сега