Почнува Македонскиот куп во далечинско пливање на Козјак

Спортска манифестација „Македонски куп во далечинско пливање-Козјак маратон 2013“ почнува денеска  на акумулацијата Козјак, село Близанско во организација на Јавното претпријатие „Јасен“ и Пливачката федерација на Македонија.

Македонскиот куп во далечинско пливање - Козјак маратон ќе го отвори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Организаторите соопштија дека денеска ќе се одржат и други спортски манифестации, како што се промотивни трки со кајаци на мирни води, со моторни скутери, летови со параглајдери, како и културно забавен дел на кој ќе учествуваат познати имиња од македонската естрада. Стартно-целната рамнина ќе биде на брегот кај Близанско.

Попладне ќе бидат прогласени победниците од трките за пливачи кои ќе добијат пехари, одличја и парични награди во вкупна вредност од 300.000 денари. На учесниците ќе им бидат доделени плакети, а за дел од публиката ќе има и пригодни подароци.

31.08.2013 - 11:32

најчитано сега