Чудотворна икона со исцелителна моќ во „Света Петка“ во Црниче
Во црквата "Света Петка" во скопската населба Црниче, се наоѓа една чудотворна икона која се чува во олтарот на храмот. Весникот Вест, ја пренесува приказната како чудотворната икона со исцелителна моќ се нашла во црквата.
Според записите во црковните гласила, пишува Вест, приказната е поврзана со скопјанката Фаница Нанчева која била родена во 1915 година. На 26 годишна возраст таа почнала да живее во станот на еден свештеник, кој заминал за Србија. Таа во подрумот од станот пронашла необична икона од пресвета Богородица, за која никој не знаел дека постои.
- Иконата, која ја претставувала пресвета Богородица, била насликана во дрво и завиткана во епитрахил. Новата сопственичка ја ставила иконата. заедно со двете други, во еден агол од нејзината соба. Покрај нив постојано горело кандило. И тогаш започнале да се случуваат чудни нешта. Ноќе, необичен звук и тропање се слушале од местото каде што се наоѓала иконата на света Богородица. Една ноќ, сопственичката забележила како сребрена монета паѓа од иконата. Тоа бил чуден звук на паричка од нематеријална природа. Едно утро, кога се разболела, од очите на иконата потекле солзи. Таа не можела да поверува во глетката, сe додека солзите не ги собрала во еден сад. Подоцна иконата многу пати ја покажала својата чудотворност. За заздравување на болните деца или за добивање пород на бездетните брачни двојки, откако ќе се помолеле пред неа. Сопственичката го послушала советот на тогашниот старешина на црквата "Света Петка" Ацо Стојковски, и иконата ја предала во божјиот храм. Иконата и денес се наоѓа таму, пишува „Вест“.
Повеќе на Вест.мк