Одете во Лазарополе и научете да фотографирате

Во рамки на проектот Креативен викенд денеска и утре во селото Лазарополе ќе се одржи работилница за фотографија.

На работилницата учесниците теоретски и практично ќе се запознаат со основите на фотографијата и ќе имаат можност заедно да фотографираат. Целта на Креативниот викенд е создавање фотографски дела чија главна тема ќе биде поврзана со селото Лазарополе.

Предвидени се кратски предавања и презентации на фотографии, заедничко избирање тема и креативна индивидуална и тимска работа. На крајот од работилницата ќе бидат избрани фотографии кои ќе бидат поставени на групна изложба.

Работилницата е наменета за уметници, како и за млади кои се интересираат за фотографијата како уметност без оглед на нивната техничка подготвеност, а со цел да научат повеќе за фотографијата, за нејзината примена како медиум на уметноста, за концептуалната фотографија итн. 

31.08.2013 - 10:30

најчитано сега