Иванов ќе ги награди новите лидери со сертификати

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на свеченото затворање на четвртата Школа за млади лидери, што по негова иницијатива, се одржа во Охрид од 19 до 31 август.

Претседателот Иванов на учесниците на школата ќе им додели сертификати за учество и успешно завршување на двонеделниот интензивен лидерски тренинг.

На годинашната школа гостуваа вкупно 30 предавачи од врвни образовни и професионални институции, кои ги пренесоа своите искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на обуката.

Идејата на претседателот Иванов е, преку одржување на школата, да им се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградат и усовршат своите вештини, да ја развијат својата креативност и лидерски способности и да останат вмрежени преку ИСЛАА – Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери. 

31.08.2013 - 10:07

најчитано сега