Штип ќе го добие најголемиот трговски центар во источна Македонија

Во штипската населба „Сењак“ почна изградбата на најголемиот трговски центар во источна Македонија.

Како што информира Милена Ристова-Михајловска, портпарол на градоначалникот на Општина Штип, косовско-црногорската фирма „Елкос“ треба да го изгради трговскиот за три месеци. Предвидено е објектот, кој ќе зафаќа околу 5.500 метри квадратни површина, да има и уреден паркинг простор.

- Градежните работи почнаа, моментно се рамни теренот. Целосната реализација на проектот се очекува да заврши за три месеци,  изјави Ристова-Михајловска и додаде дека трговскиот центар ќе отвори 80 нови вработувања.

30.08.2013 - 13:18

најчитано сега