Му ги искршиле коските на сточарот бидејќи им должел пари - крвава расправија во кумановско

21 годишниот Т.С., заедно со В.С. и М.С. го начекале 35 годишниот сточар Г.М. од селото Мгленце и крвнички го претепале. 

Како што информриаат од МВР, тројцата насилници го претепале сточарот бидејќи им должел пари. Тие го начекале додека го пасел добитокот, го тепале со дрвени прачки и му го одзеле добитокот како компензација за долгот.

Селанецот заработил скршеница на левата потколеница. Полицијата ги “награди“ насилниците со кривични пријави. 

30.08.2013 - 12:23

најчитано сега