Притвор за охриѓани фатени со марихуана
40-годишниот Ц.М. и 27-годишниот Н.К. од Охрид си заработија кривична поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
При извршен преглед во возилото на Ц.М. во кое сопатник бил Н.К. е пронајдена наркотична дрога марихуана. По ова, се извршени претреси и во домовите на пријавените каде исто така е пронајдена марихуана.
Од страна на Истражен судија на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.