Универзитетот за туризам и менаџмент се шири и во Велес

Приватниот Универзитет за туризам и менеџмент од Скопје во новата академска година ќе има дисперзирани студии во Велес. Студиските групи ги промовираше пред велешани синоќа во Младинскиот парк. Наставата на дисперзираните студии  ќе се одржува во нова станбено-деловна зграда во центарот на Велес.

Универзитетот за туризам и менаџмент функционира седум години и досега се школувале 1.000 студенти на додипломски и 250 на постдипломски студии. Почна со настава за туризам, а потоа се прошири и со студии за  менаџмент,  маркетинг, менаџмент на човекови ресурси, за спортски туризам, за односи со јавноста,  за економија, за додипломски и за посдипломски студии.

- Целта ни е да го приближиме студирањето до младите преку дисперзирани студии во местото на живеење, што ќе значи и поевтино студирање. Универзитетот соработува со бизнис-секторот, каде наши студенти во лето имаат пракса, а и самата наша цел е да образоваме кадри за стопанството и бизнис-секторот, изјави Мијалче Ѓорѓиевски,  проректор на универзитетот.

30.08.2013 - 09:53
Фото: 
денешен.мк

најчитано сега