Поезијата на Никола Маџиров на книжевен фестивал во Малта
Никола Маџиров учествува на меѓународниот книжевен фестивал во Малта кој викендов ќе се одржува во градот Валета. Неговите песни ќе се читаат на македонски, англиски и малтешки јазик.
На фестивалот учествуваат и поети од Италија, Англија, Сирија, Малта, Холандија, Романија...
Маџиров беше дел од преведувачката работилница на која неговата поезија беше преведена на десетина јазици. По овие читања следуваат патувања и претставувања на поезијата во САД, Велика Британија, Франција, Белгија, Јужна Африка, Јамајка.
30.08.2013 - 09:12
Фото:
канал 5