Битола: Извршил кражба а пријавил дека го ограбиле

 

Битолчанец си заработи кривична пријава поради разбојништво и лажно пријавување на кривично дело.

Се работи за 46-годишниот Ф.Н. и уште едно непознато лице  кои го повикале К.Б. од Битола во домот на Ф.Н., каде непознатиот сторител маскиран и со закана со пиштол извршил разбојништво над него одземајќи му златен накит во вредност од 300.000 денари.

По ова, Ф.Н. во Битола лажно пријавил дека во неговиот дом додека бил во друштво на К.Б. дошло маскирано лице кое наводно извршило разбојништво над него одземајќи му 400 евра и златен накит.

најчитано сега