Вељаноски: Со основањето на Работната група стартува имплементацијата на препораките од Извештајот

-Со големо задовоство би сакал да ја информирам јавноста дека на денешната Координативна средба со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија се формираше Работната група согласно договорот за имплементација на препораките од извештајот на Комисијата за испитување на настаните во Собранието на Република Македонија од 24.12.2012 година, вели претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски.

Брзото формирање на Работната група, вели Вељаноски, покажува дека можеме заеднички институционално да работиме и да водиме успешен политички дијалог насочен пред се кон иднината на граѓаните и натамошните евроатлански чекори на Република Македонија. Тој вели дека со основањето на оваа група, стартува процесот на имплементација на препораките од Извештајот.

Вељаноски најавува дека согласно одлуката за формирање на Работната група таа ќе биде одговорна за изготвување и поднесување на сите закони, подзаконски акти и амандмани на Деловникот на Собранието на Република Македонија содржани во препораките. Работната група ќе работи врз основа на консензус, без исклучоци.

 

29.08.2013 - 14:17

најчитано сега