ВИДЕО: Гласајте за секс - Македонка рекламира секс во Австралија

 

Кумановчанката Невена Спировска, која живее во Австралија од 1989 година е кандидатка на Секс партијата за федералните избори за изборната единица Калвел во Викторија на 7 септември.

- Се кандидирав затоа што ние како Македонци во Австралија досега сме немале ниту еден Македонец во Австралискиот федерален парламент, а Секс партијата ја одбрав затоа што мислам дека е прогресивен глас во Австралија кој се залага за правата на човекот, граѓанска слобода и еднаквост на сите луѓе во Австралиското општество. Моја желба е да отворам дијалог со македонската заедница во Австралија особено во мојата изборна единица и отворено да разговараме на различни теми, вели Невена за австралискиот портал на македонски јазик Шило.

Погледнете како оваа Македонка рекламира секс во име на партијата!

29.08.2013 - 09:47

најчитано сега