15.000 евра казна за ургирање за место во студентските домови

Македонското Собрание во рамки на денешното продолжение на 69. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за студентски стандард со кој се предвидува воведување ред и правичен пристап во доделувањето место во студентските домови, како  и повисоки казни за одговорните лица.

Предвидените казни се од 7.500 до 15.000 евра, а според заменик-минитерот за образование Сафет Незири се воспостатувуваат со цел да се воспостави дисциплина кај раководството на сите студентски домови и да нема злоупотреба.

- Овие измени се да им дадеме до знаење дека без разлика од каде доаѓаа секој што ги исполнува условите за сместување ќе биде примен во домовите. Ќе се оди на чист и правичен пристап. Сега се прецизира кој има право, кој нема право да се смести во домовите, истакна Незири.

Законот доби поддршка и од мнозинството во Собранието и од опозициската СДСМ.  

Александар Спасеноски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека суштината на измените се директорот на Студентскиот дом да определи лица кои ќе бидат одговорни за сместување на стсудентите, како и казните за одговорните лица.

Смета дека  притисокот за сместување сега е помал и критериумите ќе бидат уште повеќе објективизирани за разлика од порано кога имаше два универзитета и кога сите доаѓаа во Скопје и во Битола.

Неговиот сопартиец Ромео Тренов потенцира дека условите во домовите не се соодветни и оти ВМРО-ДПМНЕ напавила многу повеќе од СДСМ. Посочи дека се реновирани домовите Стив Наумов, Кузман, направени се нови бањи преградадени терасите и слично.  

Митре Вељановски од СДСМ посочи дека неговата пратеничка група ќе ги поддржи измените сакајќи да помогнат да се решат проблемите со сметусвањето во студентските домови.

- Сакаме да се реши овој проблем. Постапката треба да биде крајно транспарена по утврдени правила и секој да има еднаква можност и шанса да дојде во состојба да заврши високо оброзавние, истакна Вељановски.

Посочувајќи на неквалитетните услови во студентските домови и, како што рече делењето студетско место по партиска линија, истакна дека предложените казни сами по себе нема да решат.

Билјана Казанџиска од СДСМ посочи дека има многу проблеми коио треба да се решат, дека условите се катастрофални и забележа на сместувањето на вработени во министерството и обезбедувањето во Владата во студентските домови. Побара еднакви критериуми и транспарентни постапки. 

Горан Мисовски  од НСДП  истакна дека нема да ги поддржи измените, прашувајќи зошто сега вакво законоско решение кога списоците се веќе заклучени во мај.

Незири посочи дека за неколку дена ќе бидат објавени лиситите и секој ќе има пристап да види на кој начин се примени студентите во домовите.

На барање на пратеничката група на ДПА претседателот на Собранието даде пауза.

27.08.2013 - 13:47

најчитано сега