Средба Иванов-Давитковски: Никој не смее да го држи во заложништво развојот на Македонија

 

МАкедонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска оствари средба со проф. Борче Давитковски, претседателот во оставка на ад-хок комисијата за расветлување на настаните пред и на 24 декември 2012 година. Иванов го поздрави потпишувањето на извештајот и изрази очекување дека препораките од извештајот на комисијата ќе бидат доследно спроведени.

Откако Давитковски му раскажа што се случуваше пред да биде потпишан извептајот, претседателот Иванов изрази жалење за изгубеното време и начинот на кој се постигна договор околу конечниот извештај. 

Од друга страна, Иванов го поздрави државничкото однесување, покажаната зрелост, разумност и направените отстапки, со цел да се заштитат државните интереси и интересите на граѓаните, кои секој пат знаат да препознаат кој работи во нивни интерес. 

Македонскиот претседател повикува  на национален консензус во однос на стратешките цели и приоритети на Република Македонија. Во таа насока, претседателот Иванов апелира еднаш засекогаш да се престане со деструктивни политики, политиките на ултиматуми и уцени и поставување на тесно-партиските интереси и интересите на поединци, над интересите на државата и граѓаните.

Според претседателот Иванов, никој во Република Македонија нема право и не смее за каков било интерес да ги држи во заложништво напредокот и развојот на државата.

27.08.2013 - 13:03
Фото: 
МИА

најчитано сега