Вонредна прогноза: Не излегувајте без чадор - од попладнево почнуваат поројни дождови и силни ветришта

Oд Управата за хидрометеоролошки работи за попладнево најавуваат пообилни врнежи од дожд, а за утре на повеќе места нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 60 километри на час.

Пообилни врнежни повторно ќе има во северните и западните делови на земјава, каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен, а не е исклучена ниту можноста за изолирана појава на град.

Во наредните денови ќе преовладува умерено облачно и малку посвежо време, локално со услови за краткотраен дожд.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

27.08.2013 - 12:20

најчитано сега